Непланираната бременост може да биде причина за животна криза во животот на жената заради повеќе причини. Во тој момент на шок, жената, како и нејзиниот партнер може да искусат палета на емоции и чувства, збунетост, несигурност, анксиозност…
Во моментите на ваквата психичка и емоционална состојба на клиентите од голема важност и помош може да биде разговорот со стручно лице – советник.
При раговорот жената заедно со советникот може да ја разгледа новонастанатата ситуација и да размисли за опциите и поддршката која и стои на располагање. Исто така, при советувањето на жената и се овозможува да добие и повеќе информации околу бременоста, пренаталниот развој, физичките и психичките последици од абортусот, поддршката која може да ја добие околу родителството или посвојувањето, како и информации околу сексуалното и репродуктивното здравје и заштита.
Советувањето е од голема важност за жената, бидејќи преку разговорот и овозможува да искуси поддршка, прифатеност и разбирање, а притоа истовремено да го оствари и своето право да биде добро информирана пред да донесе било каква одлука позвразна со нејзината бременост.
Исто така советувањето ја намалува и шансата жената да донесе избрзана одлука што подоцна може да биде проследена со психичко страдање и себеобвинување.
Доколку Вие или некој Ваш близок се соочува со непланирана бременост или репродуктивна загуба (абортус или спонтан абортус), ВИЕ НЕ СТЕ САМИ.
Побарајте бесплатна помош и поддршка во советувалиштето „И сега што“ . Јавете се на 070 231 807 или пратете порака.
Ти имаш ПРАВО да знаеш и да бидеш СОВЕТУВАНА и добро ИНФОРМИРАНА! Искористи го твоето право!