Кризното советување и неговата важност

  • -
кризно советување

Кризното советување и неговата важност

Што е кризно советување?

Кризното советување се повикува на методите што се користат за краткотрајна и привремена психолошка помош.

Негова цел е пружање активна поддршка на индивидуата којашто во моментот поминува низ животно искуство што предизвикува психички, физички, емоционален и бихејвиорален дисбаланс кај личноста.

Кризното советување има за цел да ги минимизира последиците и да ги редуцира негативните ефекти од шокот или траумата кои го засегаат психичкото и физичкото здравје на индивидуата.

кризно советување

При ваквото советување, советниците се фокусираат на моменталната состојба на личноста работејќи на справување со кризата и нејзино надминување.

Доколку клиентот не се справи на соодветен начин со кризата, неговата хронична изложеност на стрес или траума може да доведе до психички и физички нарушувања, односно до нарушување на целокупното здравје на личноста.

Кризното советување бара стручна подготвеност на советниците, вештини и способности за советување на клиенти коишто поминуваат низ животни кризи и трауми.

Притоа, советниците не вршат долготрајна психотерапија, туку пружаат моментална и краткотрајна интервенција преку којашто клиентите добиваат помош, поддршка и ресурси со цел да се постигне стабилизација.

Советување при непланирана бременост

Бременоста може да претставува криза во животот на жената, односно во животот на двајцата партнери, во случај кога таа бременост е непланирана или непосакувана од страна на едниот или пак, од двајцата партнери.

Некои од причините поради кои бременоста се перцепира како криза се: нејзината непланираност, партнерите сметаат дека се премногу млади за да бидат родители, не се во брак, проблеми во бракот/врската, финансиски причини и слично.

Зошто е важно кризното советување?

Кога станува збор за непланирана бременост, често пати кај жената се јавуваат многу конфликтни и силни чувства и емоции.

При ваквата психичка и емоционална состојба клиентите донесуваат одлуки коишто се необјективни и под влијание на емоциите што преовладуваат во тој момент.

Подоцна, доколку одлуката била избрзана и под притисок, кај клиентите се јавува чувство на вина, гнев, тага, разочараност, а подоцна може да доведат и до депресивност и други посериозни психички проблеми.

Зкризно советувањеатоа, заради таквата психичка и емоционална ранливост на клиентите во моментот на криза, на истите им е потребно одредено време да застанат и смирено, објективно и рационално (колку што е тоа возможно во моментот), заедно со советникот,  да го разгледаат проблемот и опциите кои ги имаат пред себе.

Тоа ќе ѝ помогне на жената да ја донесе најдобрата одлука во тој момент на криза, при што ќе се намалат шансите да биде избрзана одлука што подоцна ќе биде проследена со психичко страдање и себеобвинување.

Разговорот со советникот, кој е личност што не е субјективно вклучена во ситуацијата, ѝ помага на жената преку прашања да ги истражи своите чувства и објективно да погледне на новонастанатата ситуација согледувајќи ги сите опции и ризиците, придобивките или загубите што произлегуваат од нив, со цел таа самостојно да направи избор и да донесе одлука.

Советникот е тука за жената и за нејзиното потесно семејство,  да пружи безрезервна поддршка и разбирање, без никаква осуда за одлуката што ќе биде направена.

Советувањето во „Лидија“

Советниците кои се дел од тимот на „Лидија“ се обучени за кризно советување на жени кои се соочуваат со непланирана бременост. Советувањата се бесплани, без никаков надоместок за дадената услуга, со цел секоја жена да има можност да го реализира своето право да биде советувана и добро информирана пред да донесе било каква одлука поврзана со нејзината бременост.

Советувањето овозможува:

– Време клиентот да ги испроцесира мислите и чувствата поврзани со непланираната бременост.

– Поддршка при соочување и справување со новонастанатата ситуација којашто може да биде шок за жената, нејзиниот партнер, семејството.

– Можност да се дискутира подетално за сите опции, а тоа се: да се биде родител, посвојување и абортус.

– Информации за ризикот, последиците и придобивките од секоја една опција.

– Практични информации за правата што ги имаат жените и поддршката што им следува на клиентите.

Услугите што може жената да ги добие во „Лидија“, покрај бесплатното советување, се: бесплатен тест за бременост и практична помош и поддршка за клиентите на коишто тоа им е неопходно, како на пример, бесплатно постабортивно советување  доколку некој од клиентите имаат потреба од тоа.

Нашите услуги се:logo

Бесплатни;

Неосудувачки – Cоветниците се тука да помогнат, а не да осудуваат;

Недирективни – Cоветниците не се тука да наметнат одлука, туку да дадат вистински информации за подоцна клиетот самостојно да донесе одлука врз основа на добра информираност;

Доверливи – Oна што е кажано за време на советувањето е строго доверливо;

Професионални – Cоветниците се обучени за кризно советување при непланирана бременост;

Доколку вие или некој ваш близок се наоѓа во ваква или слична ситуација при што би му била добредојдена нашата помош, ве молиме исконтактирајте нè на нашиот СОС телефонски број 070 – 231 – 807.

Тимот на „Лидија“ е тука за вас!

 

 

 

 

 

 

 

 

 


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.