
Репродуктивна загуба. Како да се справам?
Category : Абортус , Абортус , Последни Објави
Репродуктивната загуба преставува загуба на дете или неостварување на желбите и соништата на индивидуата за деца или семејство.
Загубата на дете може да се случи преку:
– абортус: намерен прекин на бременоста од најразлични прични;
– спонтан абортус: кога детето не се развива или телото спонтано го исфрла плодот;
– мртвородено дете;
– смрт на новороденче или повозрасно дете;
– неможност на жената да забремени и да се реализира како родител;
– раѓање на дете со пречки во развојот во голем број случаи се доживува како репродуктивна загуба, бидејќи родителот/родителите го губат сонот или идеалот за здраво дете и семејството.
Справувањето со било која од овие загуби е процес кој започнува и трае индивидуално и различно кај секоја личност.
Еден од начините за справување со ваквите загуби е посетата и разговорот со стручно лице – психолог/психотерапевт.
Исто така, учеството во групи за поддршка, составени од луѓе кои делат слични искуства може да помогне во прифаќање на болното искуство.

На следниов линк може да дознаете повеќе за групите за поддршка и како да се приклучите на истите.
Тагата е како бран кој со себе носи многу емоции. Понекогаш кога ќе надојде, ќе ја преплави личноста, оставајќи ја без воздух, за потоа да замине, да се повлече и да ја остави да се соземе, да си дојде при себе до следното негово доаѓање. Обидот на личноста да го сака повторно животот, да биде радосна, да биде повторно среќна, не значи дека таа личност заборавила на својата загуба и дека загубата за неа повеќе нема никакво значење.
Напротив, таа загуба може да стане клучот до новите животни хоризонти за индивидуата, давајќи и една поинаква перцепција и значење на светот околу себе.