
Изминати настани, активности и гостувања во медиумите
Category : Последни Објави , Последни објави
Во текот на изминатиот месец март „Лидија“ реализираше повеќе активности, меѓу кои беа и гостувањата во неколку телевизиски емисии.
Благодарни сме за можноста на овој начин да ја информираме јавноста за нашата работа, ставови и рамислувања во однос на непланираната бременост и репродуктивната загуба.
Меѓу нашите гостувања во медиумите беше и гостувањето на Светлана Јованова, Директор на „Лидија“ во емисијата Топ Тема на наша страна.
Исто така, имавме прилика да гостуваме и на една од локалните телевизии, Канал 8, кадешто повторно отворено зборувавме за непланраната бременост, законот за прекин на бременоста и абортусот како репродуктивна загуба.
Нашата колешка, психолог и семеен и системски советник Александра Петровска исто така имаше прилика да гостува во емисијата 0м+ на телевизија Телма, во која малку повеќе разговаравме за репродуктивната загуба и групите за поддршка на жени кои поминале низ искуство на репродуктивна загуба (абортус и спонтан абортус).

На самиот крај од овој активен период исполнет со многу настани и случувања е настанот кој го организиравме на 3ти април, во соработка со НУ – УБиблитека „Гоце Делчев“ – Штип, на тема „Загуби, како да си помогнеме на себе си и на другите?“ кој беше воден од страна на Александра, нашиот псхолог и семеен советник.

Благорани сме за сите овозможени прилики јавно да зборуваме за она што го работиме. Се надеваме дека и во иднина ќе имаме можност и простор со вас да ги споделуваме нашите активности, ставови и размислувања, како преку медиумите, така и преку настаните и предавањата што ги организираме со цел да ви помогнеме на сите вас, кои сте во потраба од нашата помош и поддршка.