Ембрионален и фетален развој на бебе
1 ден – Во моментот кога сперматозоидот и јајце клетката ќе се соединат, започнува нов живот. Во моментот на зачнувањето, сите карактеристики на бебето, вклучувајќи го полот, бојата на коста, бојата на очите се веќе одредени.
3 недела – Во овој период започнува интензивен развој на органите и ткивата. Срцето почнува да чука на 21 ден. Во оваа недела може при ултразвучниот преглед да се види на кој крај е главата на ембрионот.
6 недела – Во развојот на коските се случуваат прилично интересни работи: се појавуваат лактовите, а коските стануваат се поцврсти поради таложење на калциумот. Почнуваат да се развиваат прстиња, уште малку и ќе можат да се пребројат! Под непцата почнуваат да се развиваат продолжетоци за млечните заби.
8 недела – Плодот и понатаму расте со неверојатна брзина и плива во огромниот простор кој му е на располагање. Нервниот систем почнува да функционира, срцето е комплетно оформено и чука со 160 отчукувања во минута. Се обликуваат и надворешните полови органи, а конечно се оформени и ушите и горната усна.
10 недела – Оформени се сите органи на плодот кои нормално, и понатаму ќе растат и ќе се развиваат се до породувањето. Во оваа фаза жолчката веќе почнува да излачува, а бубрезите почнуваат да произведуваат урина. Плодот е способен за поместување, рефлексни движења, а покрај тоа почнува да функционира и перисталтика (активно движење на цревата кои ја варат храната за да може да патува од почеток до крај). Сето тоа е подготовка на плодот за живот надвор од матката. На плодот веќе му растат нокти, а сега почнува да му расте и коса.
13 недела – Нашиот мал плод сега веќе може весело да го цица палецот. Тоа хоби може да трае дури до породувањето. Телото на плодот е покриено со многу тенок слој на кожа и под неа можат да се видат сите жили. Телото е прекриено со мали, тенки влакненца. Плодот има веќе 70 грама, а долг е околу 10 см. Во овој период гинеколозите веќе можат да го видат полот на детето.
16 недела – Плодот е се поактивен. Веќе прави различни гримаси, што може да се види на тродимензионалниот ултразвучен преглед. Се криви со јазикот, голта од плодовата вода, со устата ја допира постелката. Коските и понатаму зацврснуваат, на прстите се развива мекиот дел околу коските, а истовремено се развиваат и отисоците на прстите.
5 месец – Мајката може да ги почувствува движењата на бебето. Тоа може да потскокне како реакција на посилен звук. Мозокот е во фаза на брзо растење. Плодот почнува да го користи својот имунолошки систем со кој може да се заштити од инфекции.
6 месец – Потните и лојните жлезди на бебето функционираат. Нежната и осетлива кожа на бебето е заштитена од плодовата вода со специјална масна обивка наречена “верникс“. Очите му се отворени и со интезивна нега тоа може да преживее ако се роди сега.
7 месец- Бебето ги користи сетилата за допир, вид, вкус и слух. Тоа може да го препознае твојот глас, да ика и да плаче. Постојат многу добри изгледи за опстанок, ако се роди сега.
8 месец – Фетусот веќе некое време го вежба дишењето на тој начин што вдишува плодова вода. Плодовата вода се обновува на секои 3 часа.
Под кожата се таложи масно ткиво кое ќе помогне во регулирање на телесната температура и ќе послужи како извор на енергија.
9 месец – Сега мајката ќе чувствува помалку движења.Бебето е пораснато и има само малку простор за движење наоколу во матката. Сите телесни системи работат или се подготвени за работа. Телото го има изградено својот одбранбен систем против болести.Бебето е подготвено да се роди.