
Абортус: Техники
Category : Абортус
Абортус
Под абортус се подразбира прекинување на бременоста пред плодот да биде способен за живот надвор од телото на мајката.
Во нашата држава со закон е дозволено да се изврши абортус до 10 недела од бременоста. Доколку жената сака да абортира после овој период, мора да поднесе барање до првостепена или второстепена комисија која ќе одлучи во однос на тоа дали има индикации за абортус.
Техники на абортус
Пред 12 недела
- Мал абортус
Вакуум аспирација и киретажа
За оваа процедура жената легнува на грб со нозе подигнати на потпирачи. Лекарот, со помош на дилататор го шири грлото на матката се до момент кога отворот е доволно широк за да со инструментите за абортус можат да влезат во внатрешноста на матката. Потоа лекарот, низ грлото на матката, се до внатрешноста го внесува аспираторот и со силата на вакуумот се извлекуваат плацентата и плодот во доволно мали парчиња за да поминат низ аспираторната цевка.
После ова, лекарот низ грлото на матката внесува инструмент во форма на лажица со остри краеви (кирета). Овој инструмент го користи за да го иструга ѕидот на матката во случај да има остатоци од плацентата. Кај оваа процедура е зголемен ризикот од перфорација (продупчување) на матката.
После 12 недела
- Голем абортус
Во овој период од бременоста, коските на фетусот се веќе поголеми и поцврсти, па затоа лекарот ќе треба да го распарчи фетусот на помали делови, па дури потоа да изврши вакуум аспирација и киретажа. Оваа процедура е многу ризична по животот на мајката и затоа лекарите ја избегнуваат.
После 20 недела
- Предизвикување предвремен пораѓај
Голема игла се вметнува преку абдоменот на мајката директно во срцето на бебето и се вбризгува калиум хлорид. Потоа по пат на инфузија се даваат медикаменти кои предизвикуваат контракции. Бебето се раѓа мртво.