Последици од абортусот

  • -
последици од абортус

Последици од абортусот

Физички последици од абортусот

За жал, ниту еден искусен специјалист нема да даде 100% гаранција дека  абортусот  ќе помине без компликации и дека нема да останат последици. Станува збор затоа дека абортусот може да биде реална закана за здравјето, како и за животот на жената.

Инфекција

Најчести и најопасни се инфективните компликации. Штетните микроорганизми навлегуваат во матката и може да предизвикаат тешки воспаленија. Понекогаш се развива бактериски или септичен шок кој е директна закана за животот на жената.

Крварење

Може да се развие пореметување во коагулацијата како компликација од абортусот.Ова значи дека крвта не може да запре и може да дојде до неконтролирано крварење. Ова сериозно пореметување е тешко за третирање и е опасно по животот.

Перфорација

Понекогаш се случува да инструментот за абортус случајно во текот на процедурата  го пробие ѕидот на матката при што може да дојде до повреда на некои внатречни органи. Доколку се случи ова може да биде потребно да се изврши тешка операција. Оваа компликација може да предизвика обилно крварење.

Неуспешен абортус

Неуспешен абортус на ембрион помал од 6 недели  е релативно вообичаена појава. Понекогаш докторот не успева да ја отстрани плацентата од матката. Ова значи дека бременоста продолжува и покрај тоа што мајката била изложена на ризиците од абортусот и трошоците за него.

Влијание врз идните бремености

Ризикот за спонтан абортус во следните бремености е поголем особено ако жената имала два или повеќе абортуси.

Стерилитет

Абортусот може да предизвика стерилитет. Оваа компликација е доста честа. Во праксата на скоро секој гинеколог има случај кога  целосно здрава жена која дошла на абортус, ја изгубила својата понатамошна шанса да стане мајка.

Емоционални  последици од абортусот

Многу од жените коишто од било која причина се одлучиле за абортус, во иднина можат да се соочат со негативни психолошки последици. Жените се соочуваат со лавина од емоции непосредно по абортусот или дури и повеќе  години подоцна.

Оваа психолошка реакција е позната како Пост – абортивен стрес (ПАС).

Некои од симптомите на ПАС се:

  • тага,
  • чувство на празнина,
  • чувство на вина,
  • ноќни мори,
  • депресија,
  • сексуална дисфункција,
  • реакција на годишнината од абортусот и др.

 


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.