Што после спонтан абортус?

  • -
спонтан абортус

Што после спонтан абортус?

После искуството на спонтан абортус жената може да се соочи со длабоко чувство на тага, празнина, чувство на вина, депресија. Оваа емоционална нестабилност  може да предизвика и некои физички симптоми како:

  • несоница,                                                    
  • губење на апетит,
  • замор,
  • чести епизоди на плачење.

Сето ова потпомогнато од хормоналните промени коишто настанале во телото може да биде навистина тежок период во животот на жената.

Од големо значење за жената во ваква состојба е да си дозволи на себе си да ја помине фазата на жалење и да излезе од неа за да може да доживее исцеление. Оваа фаза на жалење започнува со тоа што најпрвин ќе ја признае загубата. Од големо значење за неа би било да му дозволи на својот партнер да биде покрај неа кој всушност и  најдобро би можел да ја разбере бидејки и самиот се соочува со истата болка и празнина и за него загубата е исто толку голема.

Процесот на жалење е всушност еден природен процес кој нема временски ограничувања и е индивидуално искуство за секоја личност.

 

 

 

 

 


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.