Радост!
Category : Животни приказни
Како и секој друг ден и тој ден нашиот советник беше во болницата во Штип, кадешто нашата организација веќе подого време овозможуваше бесплатно советување при неланирана бременост.
Во болницата дојде жена на возраст од 40 години. Таа веќе беше во брак и имаше 2 поголеми деца. Во моментот беше бремена со близнаци. Поради нејзината возраст, таа беше исплашена од тоа како ќе се грижи за две мали бебиња одеднаш. Во нејзините мисли се појавуваше и сомнежот за тоа како оваа вест ќе ја соопштат на најблиските, на пријателите, роднините, соседите и што тие ќе си помислат за нив како семејство.
Нашиот советник зборуваше со неа, давајќи и информаци засите опции и можности кои ги има пред себе, како и за помошта што во тој момент ја даваше Владата за секое трето дете, како и за практичната помош и поддршка која “Лидија“ ја нуди во форма на памперси, облека и опрема за бебиња.
Таа претходно не беше добро информирана за помошта што и стои на располагање и беше преплавена од позитивни емоции и радост кога пред нејзе се отвори можноста да си ги задржи бебињата. Во еден момент ни сподели дека додека одела по патот кон болницата, постојано се молела Бог да ѝ помогне и некако да ја спречи за да не направи абортус.
Беше многу среќна, ги прегрнуваше сестрите во болницата и им кажуваше дека ќе си ги роди близначињата.
Неколку месеци подоцна, нашиот тим го посети ова семејство, носејќи им ја помошта којашто им беше неопходна.
Кога се родија овие две прекрасни близначиња, нивното семејство беше пресреќно!
Секогаш кога имаме прилика да ги посетиме или да позборуваме со нив, тие не го кријат нивното задоволство и нивната благодарност до “Лидија“ за советите, охрабрувањето и помошта што им ја пруживме во моментите кога им беше најтешко.