Абортус или посвојување?
Category : Животни приказни
Еден пролетен ден, во нашата канцеларија дојде една млада девојка која беше бремена 16 недели. Таа дознала за нашата организација од нејзина блиска пријателка.
Беше збунета и исплашена. Не беше сигурна што да направи. Според законот во тој момент, беше доцна за абортус, а истовремено не беше ниту во можност сама да се грижи за детето.
За време на разговорот со нашиот советник беа разгледани сите можни опции коишто оваа млада девојка ги има пред себе. По разговорот, таа одлучи дека нејзиното дете ќе го даде на посвојување.
Во нашата пракаса многу ретко се случува мајката да одлучи да го даде бебето на посвојување.
За жал, во нашето општество се уште на посвојувањето се гледа како на неуспех и срам за семејството и со осуда за родителот, кој сепак одлучил да му пружи шанса за живот на своето дете.
Оваа мада девојка роди здраво бебе. Бидејќи во нашата земја не постојат агенции за посвојување, ние како организација се обидовме да и пружиме помош и поддршка во болницата после породувањето и околу процедурите на давање на детето на посвојување.
И ден денес се присетуваме на храброста на таа девојка, која и покрај сите тешкотии во кои се наоѓаше, изнајде сила да му пружи шанса за живот на нејзиното дете.