
Дали сме подготвени да станеме родители?
Category : Животни приказни , Последни Објави
Тања беше млада девојка на возраст од 19 години која заедно со нејзиното момче бараше решение за прекин на бременоста. Тој беше решен да ја поддржи било која одлука што ќе ја донесе Тања.
Нашиот советник имаше прилика да зборува со нив за сите можни опции, ризиците и можните последици од абортусот, за пренаталниот развој на бебето и ги охрабри да размислат за сите опции што им се на располагање.Кога се приближи времето за закажанит абортус тие се вратија во болницата за да ја направат интервенцијата.
Бидејќи стануваше збор за прва бременост на оваа млада девојка, која како таква со себе носи посебен ризик и последици и персоналот во болницата се обидуваше да биде претпазлив кон она што имаа план да го направат, охрабрувајќи ги да земат малку повеќе време за добро да размислат.
На самиот крај, и покрај сите предизвици и стравови кои стоеја пред овој млад пар тие одлучија да продолжат со бременоста и да станат родители. Марко се роди во октомври 2015, а овие млади родители се пресреќни што го имаат него во нивниот живот.