Моето искуство во “Лидија”

  • -
абортус

Моето искуство во “Лидија”

Имам 27 години. Како што велат луѓето, овие години биле време за мажачка и за малку истото и ќе се случеше, што во овој случај ќе беше погрешен чекор.

Бев во врска во која самата свесно, совесно и своеволно влегов, мислејќи и надевајќи се дека баш таа врска е онаа вистинската и дека ќе се круниса со брак.

Излезе спротивното, да се раскине таа врска и да се продолжи животот со трезвен ум и без стресови. Во тој најтежок период, кога требаше да одлучам дали да ставам крај или да продолжам, неколку пати разговарав со Даниела  во центарот.

Немав сила ниту да раскинам ниту да продолжам, така што разговорите со неа многу ми помогнаа да мојот ум размислува побистро и да сфатам во што се впуштам. Денес сум многу благодарна за целосната нејзина посветеност во советувањето и споделувањето лични искуства.

Центарот “Лидија” се наоѓа во центарот на градот така што не се чувствував непријатно дали сум забележителна во нечии очи што почесто наминувам на тоа место.

Доколку имам проблем на тоа поле и во иднина, повторно би се вратила на советување во овој центар.

Г.Т.

 


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.