Дали ќе можам? Дали ќе успеам?

  • -
советување

Дали ќе можам? Дали ќе успеам?

Бојана беше млада мајка на две дечиња, а помалото од нив две имаше само 9 месеци. Таа сега беше повторно бремена. Бидејќи оваа бременост беше непланирана, Бојана беше многу исплашена и сметаше дека е пребрзо да има уште едно дете. Многу ја измачуваше и плашеше фактот дека сама ќе треба да се грижи за три деца, бидејќи нејзиниот сопруг често е отустен и патува надвор од државата поради работата.

нашите херои

Нашиот советник разговараше со Бојана споделувајќи со неа информации за сите опции кои таа ги има пред себе. Таа сакаше да дознае повеќе за пренаталниот развој на нејзиното бебе. Кога го виде моделот на бебе кое има само 12 недели беше изненадена и воодушевена од тоа како изгледа едно неродено бебе во оваа фаза од развојот. Оваа жена беше охрабрена дека во неа сепак има доволно сила и храброст за да продолжи со нејзината бременост и да го роди нејзиното трето дете.

По разговорот си замина несигурна, но подоцна ни се јави за да ни каже дека одлучила да продолжи со бременоста. Во септември 2015 се роди Христина!


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.