Едукативно предавање: Родителството и стресот

  • -
родителство

Едукативно предавање: Родителството и стресот

Драги пријатели,

Со големо задоволство Ве покануваме да присуствувате на нашето второ едукативно предавање во нашиот центар за советување, чија тема е секогаш вредна за разговор и дискусија.

Стресот е нешто со што се соочува секој еден родител.
Но, што претставува стресот? Како стресот влијае врз вас и односот со вашите деца? Што можете да направите во врска со стресот?

На овие и на многу слични прашања можеби ќе најдете одговор токму на ова едукативно предавање.
Не пропуштајте да бидете дел од еден ваков настан!

25.03.2016 (петок) во просториите на Центарот за советување и помош на жени „Лидија-Срце што чука“ – Скопје со почеток од 18ч.

Со почит,
Тимот на „Лидија“

*** За родителите кои имаат потреба некој да им ги причува децата за време на предавањето, тимот на „Лидија“ е тука за вас. Донесете ги и Вашите деца да уживаат во креативните игри и работилници организирани од нашиот тим за време на предавањето.

Линк до Facebook настанот: https://www.facebook.com/events/174463719607318/

За повеќе информации јавете се на 070 – 231 – 807.

Ве очекуваме!


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.