Близначки

  • -
абортус

Близначки

Во почетокот на 2015, бевме гости во една емисија на една од националните телевизии каде зборувавме повеќе за нас и нашата работа во „Лидија“.  ен ден по нашето гостување во емсијата добивме телефонски повик од еден  брачен пар. Тие ја гледале емисијата претходната вечер и побараа да се сретнат со нас со цел да поразговараме малку повеќе околу нивната моментална ситуација. Овој брачен пар бараше помош и повеќе информации за тоа каде може да направат абортус.

абортусТие веќе беа родители на 4 деца, од кои последните две дечиња беа близнаци. За целата ситуација да биде уште покомплексна, оваа мајка повторно беше бремена со близнаци. Тие размислуваа за абортусот како опција, бидејќи да се имаат 6 деца бара многу финансии, но и културата во која живееме е срам и неприфатливо да имаш 4 деца, а не пак 6!

Нашиот советник разговараше со ова семејство. Таа им објасни дека ние не би можеле да им помогнеме да направат абортус, но дека можеме да поразговараме повеќе за нивната ситуација и опциите кои ги имаат пред себе. АбортусТие разговараа за родителството, посвојувањето, ризиците кои доаѓаат со абортусот и можните физички и психички последици по здравјето на жената.

По два дена овие родители повторно се јавија, но овој пат за да ни кажат дека сепак и покрај сите предизвици кои стојат пред нив тие одлучиле да продолжат со бременоста.

Во Октомври 2015 се родија две прекрасни девојчиња, полни со живот. Ова семејство е пресреќно и благодарно за сета грижа и поддршка што им ја пружи “Лидија“ во моментите кога тоа им беше најмногу потребно.


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.