
Акција „Парички за ЖИВОТ“
Category : Последни објави
Со задоволство Ви ја претставуваме нашата акција со бебешки шишенца, наречена „Парички за живот“.
Кога донирате на Центарот „Лидија- Срце што чука“, дури и најмалите подароци можат да бидат од огромна помош за семејствата и нивните бебиња, кои се дел од нашата заедница.
Акцијата „Парички за живот“ Ви ја нуди токму таа можност, да направите промена во нечиј живот!
1. Земете бебешко шишенце дома и наполнете го со монети или банкноти за „Лидија“.
2. Полното шишенце можете да го вратите назад за 3-4 недели.
3. Следете ги активностите на „Лидија“ и со нетрпение очекувајте ги новостите од нашата работа. Следете ја нашата фан страната на Facebook или повремено посетувајте ја нашата веб страна.
Секоја една паричка е вредна и од огромна помош за семејствата кои се во потреба!
Помогнете и Вие, направете промена во нечиј живот!
Ви благодариме,
Со почит,
Тимот на „Лидија“