Абортус или посвојување? Одлука за цел живот.

  • -
посвојување

Абортус или посвојување? Одлука за цел живот.

Ако си бремена, а не си во брак, се соочуваш со голема одлука која треба да ја донесеш, што засекогаш ќе го промени твојот живот.

Пред тебе стојат три опции:

– Да го родиш и да го одгледуваш своето дете;

– Да го родиш детето и да го дадеш на посвојување;

– Да абортираш.

Абортус или посвојување?

Од овие три оции што ѝ  стојат на располагање на жената со непланирана бременост, абортусот изгледа како најпрималива за брзо и трјно решение на проблемот. Меѓутоа, важно е да се напомене дека абортусот е единствената опција со којашто бременоста предвреме се прекинува, а со тоа и животот на нероденото дете.

Абортираните деца, никогаш не добиваат шанса да ја видат светлината на денот. Покрај тоа, абортусот е единствената опција која со себе повлекува бројни ризици по физичкото и психичкото здравје на жената.

Од друга страна пак, иако желбата да станеш мајка е природна дури и благородна, сепак може ова да не е вистинското време за тоа. Можеби условите и околностите не ти дозволуваат да го прегрнеш и искусиш мајчинството во овој момент.

Посвојувањето е опција за која многу малку се зборува во нашето општество и за жал е претставена во многу негативно светло. Се лини како да посвојувањето ја прави ситуацијата нерешена, а жената ја остава со чувство на несигурност и вина.

Таа има чувство дека ќе биде лоша мајка која си го напуштила детето и го дала на непознати луѓе.

Но вистината и реалноста се сосема поинакви. Посвојувањето е всушност позитивна алтернатива, со којашто биолошката мајка ја избегнува одговорноста за подигање на детето, додека го спасува неговиот живот и носи среќа во едно семејство.

посвојување

Со посвојувањето мајката ги става потребите на своето дете пред своите.

Самиот чин на посвојување со себе носи длабоко чувство на загуба и болка. Одлуката што оваа мајка ја донесува за своето дете е многу тешка и нејзе ѝ   е потребна голема поддршка од луѓето околу неа.

Но, важно е да се има на ум дека секоја опција која е на располагање, во себе вклучува одредена придобивка и одредена загуба. Со посвојувањето, мајката ги става потребите на своето дете пред своите, бидејќи во моментот, таа не може да му ги овозможи потребните услови и да ги задоволи сите негови потреби. Овој чин е знак на зрелост, одговорност и несебичност.

Биолошката мајка која копнее нејзиното дете да израсне во стабилно, сигурно семејство со двајца родители, може да одлучи дека посвојувањето е најдобриот начин за да се остварат нејзините соништа за нејзиното дете. 


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.