
Вашето здравје во бременоста: Што треба да јадете?
Category : Бременост , Бременост , Последни Објави , Последни објави
Ако се храните здраво додека сте бремена, си помагате себе си и му помагате на вашето бебе правило да се развива и расте и тоа ќе ве одржува во добра кондиција.
Препорачливо е да јадете разновидна храна секој ден за да можете да ги добиете хранливите состојки кои ви се потребни вам и на вашето бебе.
– Јадете многу овошје и зеленчук, затоа што тие ви помагаат во обезбедувањето на витамини и минерали. Исто така во нив се наоѓа и железото што ве штити од анемија за време на бременоста.
– Јадете скробна храна како: леб, компири, ориз и житарици.
– Месото, рибата, јајцата, гравот и леќата се добри извори на хранливи состојки. Јадете по малку секој ден.
– Млечните продукти како млеко, сирење и јогурт се важни во исхраната, бидејќи содржат калциум и други хранливи состојки.
– Настојувајте да го избегнете шеќерот и храната што содржи шеќер.
– Намалете ги мрснотиите и мрсната храна.
Следете ги советите за добра исхрана и бидете здрави и вие и вашето бебе 🙂