Author Archives:  

  • -
абортус

Што претставува медикаментозниот абортус?

Category : За Слајдер

Медикаментозниот абортус претставува неинвазивен метод за прекин на бременоста со користење лекови и се извршува исклучиво во консултација со медицинско лице.

Употребата на медикаментозниот абортус се практикува  во периодот на првиот триместар (до деветата гестациска недела). Иако овој тип на абортус се опишува како “лесен и брз“ начин да се абортира во приватноста на својот дом, сепак во текот на целата процедура потребно е да се посети лекар најмалку три пати.

Најпрвин лекарот дава орална доза од таблетата mifepristone, чија улога е да ја омекне и одлепи лигавицата од матката со што се прекинува врската помеѓу плодот и матката. Втората таблета misoprostol,  која се дава најчесто после 24 часа од земањето на првата таблета, предизвикува силни контракции и обилно крварење при што плодот се истиснува и се исфрла  надвор од матката.

Овие лекови се добиваат во здравствената установа или болницата, додека останатиот дел од процедурата, односно исфрлањето на плодот, најчесто се случува во домашни услови.

abortus

Како и останатите процедури на абортус, така и медикаментозниот абортус со себе носи одредени ризици по здравјето на жената.

Најчести ризици/компликации се: обилно и продолжено крварење, недовршување на абортивниот процес, силна болка, инфекција. Овој тип на абортус може да влијае негативно на психичкото здравје на жената, бидејќи при исфрлањето на плодот, таа може да ги види деловите од телото на веќе оформениот ембрион.

Доколку се соочуваш со непланирана бременост или репродуктивна загуба (абортус или спонтан абортус) и имаш потреба психолошка помош и поддршка и од разговор со стручно лице, закажи бесплатно советување на контакт телефонот 070 231 797.
Разговорот со стручно лице може да ти помогне!


  • -
советување

Колку психолошкото советување e важно за добросостојбата на жената?

Во текот на нашите седум години постоење како центар за советување и помош на жени , околу 600 жени имаа можност да ги искористат нашите услуги. Многу жени и семејства секојдневно ја препознаваат нашата грижа и посветеност во она што веќе подолго време го правиме преку нашите два центри во Штип и Скопје.

Повикувајќи се пред сѐ на нашето искуство во “Лидија”, би сакале да го насочиме вашето внимание кон она што според нас е од суштинско значење за добросостојбата и менталното и психичко здравје на жената. Тоа е советувањето.

Во изминатите неколку години се почесто јавно се говори за важноста на психолошкото советување и посетата на психолог, психотерапевт во оние моменти кога личноста или семејството се соочува со некаков проблем, животен предизвик или криза. Долги години наназад , потребата за помош од стручно лице претставуваше срам за личноста и нејзиното семејство, а посетата на психолог, психијатар или терапевт беше толкување како знак дека личноста се соочува со тежок ментален проблем, еднаков на лудило.

советување

Благодарение на напорите на колегите психолози, психијатри, психотерапевти и сите оние кои се вложија себе си, своето време и енергија во подигање на свеста кај нашиот народ за важноста на советувањето и рушењето на стигмата околу истото, денес се напушта стереотипното размислување околу посетата на стручно лице и користењето на услугата советување, особено од страна на помладите генерации. Тие ја препознаваат важноста на советувањето, придобивките од истото, како и позитивното влијание кое советувањето го има врз нивното психичко здравје и состојба.

Но, токму во ова време кога психолозите останаа без глас, во буквална смисла на зборот, од зборување и укажување за важноста на советувањето и сѐ уште активно го прават истото, задолжителното советување пред прекин на бременоста е отфрлено од новиот закон за прекин на бременоста.

Од нашето досегашно искуство, можеме да го потврдиме фактот дека за  жените  кои се соочуваат со непланирана бременост често истата претставува шок, што потоа е проследен со чувството на паника, анксиозност,  страв и несигурност.  Во овие моменти, разговорот со стручно лице – советник и помага на жената да се разбере себе си, своите емоции, постапки, мисли и чувства, а воедно и да го оствари своето право да биде информирана за сите можни опции кои таа ги има пред себе, пред да донесе било каква одлука поврзана со нејзината бременост. 

Психологот – советник не и кажува на жената што таа треба да направи или каква одлука трба да донесе во моментот. Негова задача е да и пружи разбирање и поддршка на жената во овие моменти на животна криза. Жената е таа која сама одлучува за нејзината бременост , преземајќи лична одговорност за донесената одлука.

Многумина противници на стариот закон за абортус велеа дека задолжителното советување претставува психичко малтретирање и тортура врз жената која размислува за прекин на нејзината бременост.  Она што ние можеме да го потврдиме од нашето искуство и пракса е дека до сега во текот на нашата работа и седумгодишно постоење како организација ниту една жена која била наш клиент не изјавила дека советувањето дополнително ја влошило нејзината психолошка состојба. Напротив, многу од нив искажуваат благодарност за вниманието кое го добиле од страна на советникот и емоционалната, психолошка поддршка  која тој им ја пружил во моментите кога тоа им било најмногу потребно.

Сепак, да претпоставиме дека некои жени, особено за оние кои се цврсто сигурни и убедени дека сакаат да направат абортус, задолжителното советување претставува непотребно малтретирање. Но, што се случува со жените кои се збунети, исплашени и несигурни? Што се случува со жените на кои очајно им треба разговор со некој кој ќе ги сослуша нивните проблеми, дилеми и без осуда ќе ги разбере и прифати?

Дали новиот закон ги дисктиминира овие жени? Каде тие ќе може да добијат психолошка поддршка? На кого ќе му споделат за притисокот да направат абортус, што им се наметнува од нивниот партнер, семејство или пријатели? Со кого ќе разговараат? Дали разговорот само со докторот гинеколог ќе ги задоволни потребите на жената и успешно ќе го замени психолошкото советување?

Зарем со овој нов предлог закон и предлог измените во врска со советувањето не им наметнувате преголем товар и одговорност на гинеколозите кои истовремено ќе треба да бидат доктори – она што и всушност се пред сѐ,  но одеднаш ќе ја превземат улогата на психолог и социјален работник?

Со целосна почит кон сите доктори и здравствени работници, но кој подобро би ја информирал жената за психолошките предизвици со коишто може да се соочи доколку и покрај сите дилеми и стравови сепак ќе одлучи да ја прекине бременоста, ако не самиот психолог, советник?

Или можеби сѐ уште сметаме дека абортусот е интервенција која не носи ризик од појава на психолошки последици по менталното здравје  на жената?

Од нашата досегашна пракса, можеме да потврдиме дека некои од жените кои одлучија да ја прекинат својата бременост, подоцна изјавија дека се справуваат со одредени потешкотии, односно со речиси истите симптоми на пост трауматскиот стрес и тоа: анксиозност, негативни мисли за себе и другите,  изолираност, безнадежност, депресија, чувство на срам и вина, деструктивно однесување и слично.  

Во една прилика, една од овие жени сподели дека абортуот бил одлука која засекогаш и го променил животот. Таа изјави дека доколку повторно остане бремена, никогаш повеќе нема да помисли за прекин на бременоста, без разлика на околностите. Некои од жените пак  одлучуваат да не зборуваат за она што го чувствуваат , обидувајќи се да ги игнорираат последиците и да продолжат понатаму, чувајќи го искуството со абортусот како тајна за  заклучена во себе, бидејќи нејзиното откривање може да и донесе осуда и отфрлање од околината. Затоа, како организација која нуди советување,  би сакале да напоменаме дека како  и секој друг настан кој може да предизвика траума и да резултира со пост трауматски стрес, така и абортусот доколку жената го доживее како трауматски настан може да резултира со истите симптоми.

Абортус во 99% од случаите не е едноставна и лесна одлука. Иако абортусот за жената во моментот претставува вистинската одлука, понекогаш постои одредено ниво на психолошки конфликт кој треба да биде адресиран , со цел жената да биде во целосен мир со нејзината одлука. Исто така, ставот дека абортусот може да предизвика слични симптоми како пост трауматскиот стрес, не укажува на тоа дека жената нема право да одлучи,  туку  едноставно дека поддршката и конструктивното психолошко советување може да помогне во превенција на појавата на симптомите на пост трауматскиот стрес.

Советувањето е од голема важност за самата жена. Жената има право да биде добро информирана и советувана пред да направи било каква одлука. На тој начин наместо жената да се справува со можните последици, таа ќе го избегне моментот да донесе избрзана и неинформирана одлука, која подоцна може негативно да се одрази на нејзиното психичко здравје и живот. Денес, со новиот закон за прекин на бременоста советувањето не е задолжително. Жената може да добие советување, само доколку самата побара. Но, колку од жените навистина се свесни и информирани дека може да добијат бесплатно советување доколку сакаат и побараат?

Затоа, ве охрабруваме сите вас, медициски лица, доктори, сестри, психолози, психијатри, социјални работници, пријатели, роднини и сите вие кои можеби некогаш ќе сретнете жена која се соочува со непланирана бременост, пристапете и бидете нејзина поддршка. Информирајте ја дека има право и можност да биде советувана дека доколку има потреба од тоа.

Затоа што секоја една жена заслужува и има право да има пристап до советување. Затоа што секоја жена има право да биде добро информирана за сите можни опции пред донесувањето на било каква одлука поврзана со нејзината бременост.

Доколку на жените им го посакуваме најдоброто, да не им ускратуваме тоа право.


  • -
медиуми- абортус

Изминати настани, активности и гостувања во медиумите

Во текот на изминатиот месец март „Лидија“ реализираше повеќе активности, меѓу кои беа и гостувањата во неколку телевизиски емисии.

“Read More”

За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.