Category Archives: Животни приказни

  • -
нашите херои

Дали сме подготвени да станеме родители?

Тања беше млада девојка на возраст од 19 години која заедно со нејзиното момче бараше решение за прекин на бременоста. Тој беше решен да ја поддржи било која одлука што ќе ја донесе Тања.

Нашиот советник имаше прилика да зборува со нив за сите можни опции, ризиците и можните последици од абортусот, за пренаталниот развој на бебето и ги охрабри да размислат за сите опции што им се на располагање.

“Read More”


  • -
бременост

Абортус или посвојување?

Еден пролетен ден, во нашата канцеларија дојде една млада девојка која беше бремена 16 недели. Таа дознала за нашата организација од нејзина блиска пријателка.

Беше збунета и исплашена. Не беше сигурна што да направи. Според законот во тој момент, беше доцна за абортус, а истовремено не беше ниту во можност сама да се грижи за детето.

“Read More”

  • -

Радост!

Како и секој друг ден и тој ден нашиот советник беше во болницата во Штип, кадешто нашата организација веќе подого време овозможуваше бесплатно советување при неланирана бременост.

Во болницата дојде жена на возраст од 40 години. Таа веќе беше во брак и имаше 2 поголеми деца. Во моментот беше бремена со близнаци. Поради нејзината возраст, таа беше исплашена од тоа како ќе се грижи за две мали бебиња одеднаш. Во нејзините мисли се појавуваше и сомнежот за тоа како оваа вест ќе ја соопштат на најблиските, на пријателите, роднините, соседите и што тие ќе си помислат за нив како семејство.

“Read More”

За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.