Групи за поддршка

абортус , спонтан абортус

Групите за поддршка на жени кои поминале низ искуство на репродуктивна загуба – абортус или спонтан абортус, се водени од стручно лице – советник, а составени од 4-6 луѓе кои споделуваат слични искуства.

Учеството во овие групи за поддршка може да Ви помогне:
– подобро да се разберете себе си, Вашите емоции и однесување
– да се справите со загубата и да работите на прифаќање на истата.

Споделувањето на Вашето личното искуство во група, исто така ќе Ви овозможи да добиете искрена поддршка и разбирање, како и охрабрување и утеха од луѓе кои делат слични приказни како Вашата.

Помогнете си себе си! Станете дел од нашите групи за поддршка со пополнување на формуларот подолу.

Дополнителни информации во врска со групите:

  • Програмата „НАДЕЖ“ се состои од 5-7 средби.
  • Секоја средба е во времетраење од 1 час и 30 минути.
  • Средбите ќе се одржуваат во термини кои се прифатливи за мнозинството членови во групата, два пати во текот на еден месец.
  • Одржувањето на средбите вообичаено се одвиваат во центрите на „Лидија“ во Скопје и Штип. Но, во моментот заради состојбата со вирусот КОВИД – 19, групите ќе се состануваат онлајн.
  • Учеството во програмата се наплаќа 300 денари, еднократна котизација пред почетокот на програмата.

За подетални информации околу програмата и групите за поддршка, Ве молиме јавете се на еден од следните броеви за контакт: 070 231 807 или 070 231 797. Ви благодариме за Вашиот интерес!


За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.