Што зборуваат клиентите за нас и нашата работа?
– Во „Лидија“ добив помош и поддршка. –
„На 20 години останав сама, бидејќи моите родители починаа. По одреден период се запознав со едно момче од кого останав бремена, но нему не му беше важно за нас. Останав потполно сама и во паднав во голема депресија. Но, благодарение на една моја пријателка (која исто така е самохрана мајка) стапив во контакт со вашата организација, кадешто добив потполна помош и поддршка, утеха и волја за да продолжам понатаму. Премногу сум задоволна, што едно мое фала не би било доволно…“
– М.Г
– Среќна сум што ве имам вас! –
„Вашата организација ми го продолжи животот и ме направи многу среќна и задоволна. Среќна сум што ве имам вас! По нашиот разговор сум попозитивна личност и знам дека за што и да ми треба, вие сте тука за мене.“
– М.Ј
– Благодарам што бевте со мене! –
„Ви благодарам што бевте со мене во еден од најтешките моменти од мојот живот. Бидете секогаш насмеани и такви какви што сте. Кон вас и вашата работа секогаш ќе имам почит и љубов, затоа што вие иако не ме познававте доволно дојдовте и ми пруживте рака во тој тежок момент. Ви благодарам за тоа што го направивте за мене и моето ангелче кое замина и никогаш нема да се врати.“
– Л.К
– Доколку сум во потреба, повторно би се вратила на советување во вашиот центар! –
„Имам 27 години. Како што велат луѓето, овие години биле време за мажачка и за малку истото и ќе се случеше, што во овој случај ќе беше погрешен чекор. Бев во врска во која самата свесно, совесно и своеволно влегов, мислејќи и надевајќи се дека баш таа врска е онаа вистинската и дека ќе се круниса со брак. Излезе спротивното, да се раскине таа врска и да се продолжи животот со трезвен ум и без стресови. Во тој најтежок период, кога требаше да одлучам дали да ставам крај или да продолжам, неколку пати разговарав со еден од советниците во центарот.
Немав сила ниту да раскинам ниту да продолжам, така што разговорите со неа многу ми помогнаа да мојот ум размислува побистро и да сфатам во што се впуштам. Денес сум многу благодарна за нивната целосна посветеност во советувањето. Сега, доколку имам проблем на тоа поле и во иднина, повторно би се вратила на советување во овој центар. “
– Г.Т
– Ви благодарам! –
„Му благодарам на Бога што дозволи една прекрасни луѓе како вас да бидат дел од мојот живот. Благодарејќи на вас знам што е мајчинска љубов и колку е таа убава и неопислива со зборови… Ви благодарам за се, драги пријатели.“
– А.М
– Вина и каење низ целиот живот –
„Кога го држам моето дете во рацете ми се враќаат сите мисли во главата кои ги имав во тие моменти и се прашувам како воопшто можев да се двоумам и рамислувам за абортус. Ме боли душата и знам да заплачам кога ќе се сетам на тие тешки момети. Си велам, ако останам повторно бремена никогаш нема да помислам да ја прекинам бременоста. И да ми прави некој притисок да го направам тоа, сама ќе се изборам. А на оние кои размислуваат сега дали да го направат тоа, мојата препорака до нив е да не го прават тоа , бидејќи можат да се почувствуваат подоцна виновни и да се каат за таа одлука низ целиот свој живот.“
-M.П