Дали ќе можам? Дали ќе успеам?
Category : Животни приказни
Бојана беше млада мајка на две дечиња, а помалото од нив две имаше само 9 месеци. Таа сега беше повторно бремена. Бидејќи оваа бременост беше непланирана, Бојана беше многу исплашена и сметаше дека е пребрзо да има уште едно дете. Многу ја измачуваше и плашеше фактот дека сама ќе треба да се грижи за три деца, бидејќи нејзиниот сопруг често е отустен и патува надвор од државата поради работата.