„ЛИДИЈА – Срце што чука“ е центар за едукација и подигање на општествената свест за вредноста на животот.
Наша цел е преку едукативни работилници и трибини да ја разбудиме и подигнеме општествената свест за вредноста на животот почнувајќи од самиот зачеток.
Секој зачеток во утробата на жената има Право на Живот!
Како организација веруваме дека секоја жена заслужува и има право да биде добро информирана пред да донесе било каква одлука поврзана со нејзината бременост. Истовремено, го вреднуваме и правото на живот на детето да биде родено.