Дали се соочувате со непланирана бременост? Нашиот тим на советници во „Лидија“ Ви нуди бесплатно советување, помош и поддршка. Како организација го вреднуваме физичкото и психичкото здравје на жената и токму затоа сметаме дека секоја жена заслужува и има право да биде советувана и добро информирана за сите можни опции, пред донесувањето на било каква одлука поврзана со нејзината бременост. Доколку сакате да добиете советување, закажете термин преку еден од нашите броеви за контакт.
Абортусот и спонтаниот абортус се видови на репродуктивна загуба. Тие многупати може да се рефлектираат негативно врз психичкото здравје и состојба на жената. Процесот на справување и прифаќање со истите започнува и трае различно кај секоја личност. Од голема помош во овој период може да биде советувањето со стручно лице или учеството во групи за поддршка. За таа цел, нашиот тим Ви ги нуди и двете опции: бесплатно советување и можност за учество во група за поддршка .
Како центар се обидуваме повремено да обезбедиме и материјална помош како практична помош и поддршка за семејствата кои одлучиле да продолжат со нивната бременост и покрај тешките околности во кои секојдневно се наоѓаат и живеат. Како организација, повремено организираме акции за собирање донации во вид на памперс, бебешка козметика, влажни марамици, шишенца, бебешка облека, облека за повозрасните деца во семејството, колички, траспортери, креветчиња и сè она што му е потребно во тој момент на едно новороденче и на неговото семејство.