
Спонтан абортус: Причини и симптоми
Category : Абортус
Спонтаниот абортус е прекин на бременоста којшто настанува без никакви видливи причини однадвор. Може да настане во било кој период од бременоста.
Причините за спонтаниот абортус се разновидни и можат да потекнуваат од плодот или од самата трудница.
Некои од симптомите за спонтан абортус се : крварење од матката, болки во грбот и долниот дел на стомакот. Секое крварење не е знак за можен абортус, но трудницата во случај на крварење секогаш треба да посети гинеколог, бидејќи честопати спонтаниот абортус може да се спречи.
Како најчести причини за спонтаните абортуси се наведуваат:
- Генетски и хромозомски абнормалности на самиот плод;
- Аномалии и заболувања на матката;
- Хормонски пореметувања;
- Разни лекови;
- Бактериски и вирусни инфекции;
- Стрес и др.
Доколку причината за крварењето се од хормонална природа, со строго мирување и хормонска терапија, абортусот често пати се спречува.