Category Archives: За Слајдер

  • -
абортус

Што претставува медикаментозниот абортус?

Category : За Слајдер

Медикаментозниот абортус претставува неинвазивен метод за прекин на бременоста со користење лекови и се извршува исклучиво во консултација со медицинско лице.

Употребата на медикаментозниот абортус се практикува  во периодот на првиот триместар (до деветата гестациска недела). Иако овој тип на абортус се опишува како “лесен и брз“ начин да се абортира во приватноста на својот дом, сепак во текот на целата процедура потребно е да се посети лекар најмалку три пати.

Најпрвин лекарот дава орална доза од таблетата mifepristone, чија улога е да ја омекне и одлепи лигавицата од матката со што се прекинува врската помеѓу плодот и матката. Втората таблета misoprostol,  која се дава најчесто после 24 часа од земањето на првата таблета, предизвикува силни контракции и обилно крварење при што плодот се истиснува и се исфрла  надвор од матката.

Овие лекови се добиваат во здравствената установа или болницата, додека останатиот дел од процедурата, односно исфрлањето на плодот, најчесто се случува во домашни услови.

abortus

Како и останатите процедури на абортус, така и медикаментозниот абортус со себе носи одредени ризици по здравјето на жената.

Најчести ризици/компликации се: обилно и продолжено крварење, недовршување на абортивниот процес, силна болка, инфекција. Овој тип на абортус може да влијае негативно на психичкото здравје на жената, бидејќи при исфрлањето на плодот, таа може да ги види деловите од телото на веќе оформениот ембрион.

Доколку се соочуваш со непланирана бременост или репродуктивна загуба (абортус или спонтан абортус) и имаш потреба психолошка помош и поддршка и од разговор со стручно лице, закажи бесплатно советување на контакт телефонот 070 231 797.
Разговорот со стручно лице може да ти помогне!


  • -
родителство

Едукативно предавање: Родителството и стресот

Драги пријатели,

Со големо задоволство Ве покануваме да присуствувате на нашето второ едукативно предавање во нашиот центар за советување, чија тема е секогаш вредна за разговор и дискусија.

“Read More”

  • -
абортус

Можев да бидам татко

Бев студент на 25 години и уживав во животот. Имав девојка со која што се забавував. Еден ден, таа ми рече дека е трудна, според тестот за бременост. Не знаев што да правам. По краток разговор, без многу размислување, решивме таа да земе апчиња со кои ќе предизвика абортус. Таа ги зема апчињата и сѐ беше готово.

“Read More”

За Нас

Центар за советување и помош на жени „Лидија – СРЦЕ ШТО ЧУКА“ Штип

Сите услуги кои ги нуди Центарот се бесплатни и дискрецијата е загарантирана. Нема објавување никакви податоци според Законот за заштита на личните податоци.